Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти

Од:

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески на денешната собраниска седница за Законот за електронски уреди за студенти истакна дека за оваа намена од државниот Буџет издвоени се 850 милиони денари со кој опфатени ќе бидат 55 илјади студенти.
Јаулески посочи дека секој студент до 29 години запишан во учебната 2025-2026 година ќе добијат по 15.300 денари за набавка на електронски уред.

„Денес на дневен ред е Законот за вредносни ваучери со коишто се предвидува набавка на електронски уреди во форма на лаптоп, персонален компјутер или таблет. Право на овој ваучер ќе имаат сите студенти до 29 години коишто се запишани коишто се запишани во учебната 2025-2026 година. И со оваа финансиска поддршка од државниот буџет се издвоени 850 милиони денари. За секој студент 15.300 денари, а ќе се опфатат над 55 илјади студенти“, рече Јаулески.

Пратеникот посочи дека целта на овој закон е дигитална писменост, еднаков пристап за сите студенти до електронски уред и развивање на технолошката писменост, посочувајќи ги и другите мерки кои Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги реализира за младите.

„Почитувани студенти, почитувани македонски граѓани, ВМРО-ДПМНЕ пред изборите се обврза дека ќе биде најголем сојузник на младите. Покрај многуте проекти коишто ги вративме, „Купи куќа за млади“, грантови за вработување на млади лица до 10 илјади евра, мерката „Млад земјоделец“, еве конкретно продолжуваме и со фокус на студентите“, истакна Јаулески, потенцирајќи дека она по што ВМРО-ДПМНЕ се разликува од СДС е тоа што ВМРО-ДПМНЕ работи и тоа што го ветува го испорачува.

„Разликата меѓу нас и оние коишто сега седат на прсти од левата страна на е тоа што тие ветуваа студентски градови со читални и библиотеки, фитнес центри и театри коишто никогаш не ги видовме. Оние коишто ја оставија зградата на ФФК и ФИНКИ на неколку илјади студенти недовршена за седум години и студентите немаа пристојни услови за студирање. Оние коишто правеа партиски списоци за сместување во студентски домови кои ги делеа студентите на подобни и неподобни“, потенцираше Јаулески.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството во Македонија со 2% доверба од граѓаните, а судии и обвинители бараат двојно повисоки плати

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Кацарска е обичен апаратчик на минатата власт, таа е активен чинител на неправдата без кредибилитет

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е човек со дамки и лузни, нека не глуми чесен

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Обврска и одговорност на судот е да има правда за случајот со „Пулс“

Бојковска: СДС бара да се скратат спортските субвенции зa 334 милиони денари

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС врие и револтот од Филипче веќе никој не го крие, наместо промени, партијата ја движи кон поголема пропаст