Јаулески за Алијанса на Албанците: Таравари е заложник на Груби, кога нема да им требаат во владата ќе ги шутнат

Од:

Дали вие добивте ексклузивна понуда за куќа по 500тини евра за метар квадратен во Скопје. Добивте ли понуда да купите деловен простор на улица Македонија по цена пет пати пониска од пазарната, ги праша Јован Јаулески пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница пратениците од мнозинството, посочувајќи дека овие два примери се еклатантен пример на корупција и криминал.

– Знаете ли пратеници од Алијансата која е најуспешна туристичка агенција во државата? Туристичката агенција на Грби. Ќе ве пренесе жедни преку вода, ќе имате туристичко разгледување на владата од неколку месеци, а потоа ќе ве шутне како партал од истата, им рече Јаулески на пратениците од Алијанса.

Јаулески истакна дека Таравари станал заложник на Груби, како и дека со поддржување на пратениците на Алијанса на Албанците на оваа реконструкција не остваруваат никаков интерес на граѓаните.

– Вашиот Артан Таравари, човекот кој требаше да го прати Артан Груби во опозиција стана негов заложник, а вие со вашето гласање и негови соучесници. Партијата слободно може да ви се преименува Алијанса за Артан. Никаков интерес за вашите гласачи не остварувате и зошто некој би гласал за вас на наредните избори кога многу повеќе може да добие ако отиде со ДУ, потенцираше тој.

– Ова е коалиција за спас на Артан Груби. За да има вистинска борба со криминалот на институциите, потреба е дегрубизација на институциите, додаде Јаулески.

Би можело да ве интересира

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот без присуство на мнозинството донесе одлука за одржување Надзорна расправа за трагедијата во Кочани

Пратениците ја изгласаа Фискална стратегија на Република Македонија за 2026 – 2030 година

Горан Наумовски

Змија предизвика хаос во Собранието на БиХ: Поради „небезбедни услови“, седницата беше откажана, наредена е истрага

Алиу и Хоџа се дел од еден важен процес на освежување, вели Мицкоски

На собраниската седница во понеделник ќе се дебатира за новите кадровски решенија на Владата

Безбедносната зона околу Собрание не била за да нема протести, туку заштита од градење на приватни субјекти