Јаулески: Ниту Груби ниту Ковачевски ги градат коридорите со свои пари од џеб

Од:

Денес на дневен ред е законот за изменување и дополнување на законот за градење поврзан договорот за изградба на коридорите 8 и 10 Д и како на брза лента исто како и минатите закони законот за урбанистичко планирање законот за работни односи денес на дневен ред е овој закон со кој што треба побрзо да се реализира она што е договорено и да се крие од очите на јавноста. Оваа проектирана сума од милијарда и 300 илјади евра нема да биде финална затоа што со ваков начин на градење штетите кои што ќе настанат ќе бидат далекусежни и ќе чинат повеќе милиони евра пари на граѓаните, нагласи пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески на денешната собраниска седница.

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јаулески додаде и дека во секоја друга европска држава ваквите закони би оделе на нивните матични комисии каде што ќе може да се дискутираат со експерти и останатите стручни лица од областа.

„Со потпишувањето на договорот Благој Бочварски, Ејуп Рустем излегле надвор од своите надлежности и врз основа на тој договор ние сега менуваме закони. Тие ја презеле како влада, како претставници на извршната власт улогата на собранието и потпишале договор со што го обврзале собранието на сето ова. Наместо да склучуваат договори согласно постоечкото законодавство. Во секоја нормална држава овие закони за експропријација, за проектирање, за работни односи би оделе на нивните матични комисии, комисијата за труд и социјала, комисијата за транспорт, каде што ќе може да учествуваат и коморите и стручни лица да ги дадат своите забелешки со цел најдобро решение со кое ќе се изградат овие коридори“ ,нагласи Јаулески.

Јаулески истакна и дека ниту вицепремиерот, ниту премиерот ги градат коридорите со свои пари од џеб, за да со вакви штетни и непромислени брзи законски решенија ги оштетуваат и понатаму македонските граѓани.

„Ниту Артан Груби ниту Ковачевски ги градат коридорите со свои пари од џеб, за да со вакви штетни и непромислени брзи законски решенија ги оштетуваат и понатаму македонските граѓани и ја осакатуваат македонската држава“, истакна Јаулески.

Би можело да ве интересира

Собранието изгласа Резолуција за осуда на опозициските манипулации и нелегалната миграција

Горан Наумовски

Собранието ги донесе измените на Законот за буџетите

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Катерина Ѓуровски

Предлог одлуката за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година

Се гонат само поранешни функционери, големите остануваат над законот, порачаа родителите на Комисијата за „Пулс“