Јашари: Политичко разрешување на ситуацијата со меѓународно посредување

Од:

Неопходно е политичко разрешување на актуелната ситуација со меѓународно посредување, што ќе биде прифатливо за сите страни, изјави денеска министерот за правда Аднан Јашари.

– Многу е битно решението што ќе произлезе од едно такво посредување да биде прифатливо за сите страни. Ако решението не е прифатливо за сите страни, џабе е се, рече Јашари денеска на паузата на седницата на Судскиот совет на која се избира претседател за оваа институција.

Според министерот за правда, институциите во државата треба да имаат капацитет да го решат проблемот.

– За тоа дали институциите имаат или немаат капацитет,  дали се има доверба во капацитетот на нашето право, ќе добиете одговор од народот, истакна Јашари.

Во врска со наводите за прислушување, Јашари вели дека во Македонија има правна инфраструктура што го регулира тоа прашање како што е Законот за следење на комуникации и Кривичниот законик во кои е предвидено и посебно кривично дело во случај на злоупотреба.

Би можело да ве интересира

Ефтимов: Кој ќе се огреши пред законот и Уставот ќе одговара

(ВИДЕО) Мицкоски: Секој оној којшто мисли дека ја изиграл правдата се лаже

Сијарто: Унгарската амбасада во Париз доби закана за бомба

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“