Јасен е победеникот на овие локални избори, а тоа е владиното мнозинство, вели Мицкоски

Од:

ВМРО-ДПМНЕ многу скоро ќе ги објави имињата на кандидатите за градоначалници за општините каде се правеа дополнителни мерења и анализи, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој беше на увид на градежните работи во „Анфенол“ во Кочани.

– Јасен е победеникот на овие локални избори, а тоа е владиното мнозинство, потенцираше Мицкоски.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со независните кандидатури за локалните избори, премиерот кажа дека тие како Влада направиле се за да обезбедат сите да бидат задоволни.

– Јас не знам што треба како Влада да им се направи за да им се погоди на некои луѓе? Порано велеа многу потписи требаат, сега велат малку потписи се. Не знам што ние како Влада треба да направиме за да обезбедиме сите да бидат задоволни. Тоа е невозможно. Ова е резултат на Уставниот суд којшто поништи два члена, не се усвоија измените во Изборниот законик во рамките на Парламентот и сега таа е реакцијата и јас не знам што можеме ние како Влада повеќе од ова да направиме, рече Мицкоски.

Во однос на пратениците потребни за „бадентер“ во Собранието, премиерот кажа дека ДУИ после 20 години е во опозиција и оти е очигледно дека во рамки на нивната структура имаат големи проблеми и се обидуваат со одредени трикови да прават притисок да бидат повторно во Владата.

– Мислам дека јасен е победеникот на овие локални избори, а тоа е владиното мнозинство, така што ние продолжуваме по патеката на реформи, испорака за граѓаните, чесна, напорна, посветена работа… Еве веќе 14 месеци оваа Влада стабилно функционира, јавноста може да види дека тоа што во минатото значеше корупција, криминал на дневна основа, тоа веќе не е пракса, односно воопшто нема таков тип на девијантно однесување, рече Мицкоски кој беше во посета на кочански „Анфенол“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Дебакл за СДСМ, изборните резултати се потврда дека изиграната доверба има последици

Горан Наумовски

Мицкоски: Наметнатиот билатерален спор нема да ја запре европската агенда

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник

Мицкоски: Приоритет ни се реформите и проектите, не изборите

(ВИДЕО) Мицкоски: 2026 година ќе биде година на големи и крупни чекори

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски