Јанушев: Зоран продава, парцелата багателно се препродава на Вицето, на крајот Заеви добиваат зграда во вредност од неколку милиони евра

Од:

„По СДСМ и Општина Струмица и самиот Зоран Заев потврди дека Зоран како градоначалник продал земјиште на кое сега гради неговиот брат Вице Заев“, рече Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во оваа шема нема случајности:

Вчера објавивме дека Зоран Заев од позицијата градоначалник на општина Струмица продал атрактивно градежно земјиште со површина од околу 18.500 м2, на лицето Сашко Брндевски.

Брндевски – кој како физичко лице го купува плацот за 700.000 евра не е случајно. Тој е бизнис партнер на Вице Заев – брат на Зоран Заев во една друга компанија – „Сара Инжинеринг“.

Значи лицето на кое Заев продава земјиште е заеднички бизнис партнер со неговиот брат.

Бизнис пајташот на Вице, Сашко Брндевски на 29.12.2014 година или два дена пред нова година платил 700.000 евра за една парцела наменета за изградба на колективно домување, за потоа, во 2016 година истиот Брндевски да склучи договор за пренесување на правото на градење на фирмите „Тотал Инжинеринг“ и АД „Пелагонија Струмица“. Овие две фирми се добро познати на јавноста како дел од картелот и кланот на Заеви. Првата, „Тотал Инжинеринг“ е во сопственост на братот Вице Заев, а во втората, АД „Пелагонија Струмица“ братучедот Трајче Заев бил член на Управниот одбор во времето кога е склучен овој бизнис.

Вистинското прашање е од каде му се 700.000 евра на Брндевски, кој туку-така да плати во кеш за оваа атрактивна локација?

Да биде скандалот поголем, Брндевски им отстапува на фирмите на Заеви голем дел од парцелата за само еден стан од 40м2 иако на тоа место се предвидува да се изгради зграда со нето површина од речиси 7.000м2. Замислете да отстапите парцела на која ќе никне огромна зграда за само еден еднособен стан?! Значи давате парцела за цела зграда за еден стан од 40м2. Ова нема никаква бизнис логика, ама затоа има логика во математиките на Заеви.

Токму оваа логика фрла сомнеж дека бизнис партнерот на Вице Заев – Сашко Брндевски е само параванот зад кој се кријат бизнис интересите на картелот на власт. Улогата на Брндевски е да го маскира богатењето на Заеви.

Ова е методот на кој Заеви докторираа во Струмица. Зоран продава, некој бизнис пајташ на Заеви купува, Зоран дава дозвола за градење, а потоа парцелата багателно се препродава на Вицето и на крајот Заеви добиваат зграда во вредност од неколку милиони евра.

Вака расте нивната империја која веќе како канцер метастазира во економијата во Република Македонија!“, изјави Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Почнаа обвинувањата меѓу досегашните партнери: Тарaвари се интересирал за бизниси, Груби и Заев

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Филипче да каже со која болница преговарал за да добие виза, бара ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ одржал партиски состанок во училиште во Струмица, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Манасиевски: Ако Филипче има златна виза од друга држава, тогаш како може да вели дека тој е иднината

Веќе нема да требаат сертификати за странски јазик за директори, ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка на нивните неспособни членови, обвинува Левица

Катерина Ѓуровски