Јанушев во Штип: Најлесно е да се обвини опозицијата за запалените автомобили

Од:

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, како дел од кампањата разговори за обнова на Македонија денеска престојуваше во Штип.

Таму, од новинарите беше запрашан за инцидентот со запалени автомобили на висок функционер на СДСМ, кој во овој град се случи пред неколку дена, а за кој штипските социјалдемократи го вперија прстот токму во ВМРО-ДПМНЕ.

Портпаролот на опозициската партија на ова одговори дека станува збор за веќе видена реторика, и на нешто кое може да се очекува од СДСМ.

„Не знаат што прават, што и да се случи во државата место да преземат одговорност за тоа, со сите ресурси кои што ги имаат и во полицијата да ги лоцираат сторителите, најлесно е да ја обвинат опозицијата. Од она што јас барем неофицијално го разбрав дека на овие настани претходеле други расправи во центарот за социјална заштита, и дека станува за пресметка внатре во социјалдемократскиот сојуз“, истакна Јанушев.

Во своето обраќање тој порача и дека во Штип не е остварено ниту едно од предизборните ветувања на градоначалникот и власта на СДСМ, но како што рече, на таквото неодговорно владеење му се наближува крајот.

„Власта паѓа. Првиот значаен датум е 3 јануари кога ќе се формира техничката влада која ќе ги спроведе изборите на 12 април, а на 13 април веќе Зоран Заев, СДСМ и сите останати од неговата криминална банда ќе ги пратиме во политичката историја“, порача генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ