Јанушев во име на ВМРО-ДПМНЕ се извини што новинарите ги нарекоа „загари на Заев“

Од:

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на вечерашната прес-конференција, по притисокот од новинарите, се извини за тоа што во партиското соопштение медиумите беа наречени „загари на Заев“.

„Единствениот политичар аболициран за тежок криминал, Зоран Заев нарачал медиумите да бидат повикани пред домот на пратеникот и почесен Претседател на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски за да кулминира хајката врз него. Медиумските загари на аболицираниот Заев имаат зелено светло за линч на секој што не се согласува со неговата капитулантска и антимакедонска политика“ пишуваше во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Дел од медиумите вечерва ја следеа полицијата, која што трага по експремиерот и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој е недостапен за властите. Груевски треба да служи двегодишна казна затвор за случајот со набавката на луксузниот „мерцедес“.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ