(ВИДЕО) Јанушев: Партијата не е осомничена, имотот да биде одмрзнат

Од:

Откако не успеа преку притисоци да ја скршат партијата сега кулминира притисокот преку други институции, рече генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на прес-конференција по замрзнувањето на имотот на партијата.

– Заев го направи последниот чекор, партиското СЈО го замрзна имотот. Селктивното СЈО месец дена после дебалклот на референдумот, побара да се замрзне имотот, судиите донесоа позитивна одлука без основа. За прв пат се бара замрзнување имот на опозициска партија на европско тло, рече Јанушев.

Според него, власта сака да го умртви секое политичко делување кое не се согласува со нив.

– Вакво нешто не се случува во Европа. Одлуките се без основа и без аргументација, политички се мотивирани. Повредена е праксата на Европскиот суд за човекови права. ВМРО-ДПМНЕ како правно лице не се сомничи во постапката и се гледа дека се работи за прогон. Се причинува штета на партијата, рече Јанушев.

Тој побара да се укине привремената мерка како неосновата и најави оти за ова ќе ги информираат сите меѓународни инситуции и ќе бараат лична и политичка одговорност.

– Можете да ни се заканувате и уценувате, но не ви се плашиме, рече Јанушев и додаде оти вкупниот имот на партијата има вредност од околу 10 милиони евра.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?