Јанушев: Ова што се случува вечерва е удар врз демократијата, Груевски не бил во штабот повеќе од 6 месеци

Од:

Ова што се случува вечерва е удар врз демократијата. Ова е дно. ВМРО-ДПМНЕ е под полициска опсада. Членовите на партијата се претресуваат и вознемируваат од страна на полицијата, рече Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.

– Никогаш немало примена на ваква сила врз опозициска партија. Ова е хајка и линч врз сите кои мислат поинаку. Во ваквиот прогон, Заев ги злоупотребува и медиумите. Ова не е помирување, туку зовривање на политичката криза. Овој притисок е удар врз опозицијата и тој нема да помине туку-така. ВМРО и Македонија се жртви на неспособноста на Заев. Година и половина ја уништуваат државата и сето тоа го прикриваат со политички прогон, рече Јанушев.

Тој рече дека ќе дојде денот кога тие што го извршувале прогонот ќе одговараат за тоа.

– Доколку полицијата поседува налог и се сомнева дека Никола Груевски е во штабот, може слободно да дојде и со нас да провери. Ова е политички прогон, ништо повеќе, ништо помалку, рече Јанушев.

Тој кажа дека Груевски повеќе од 6 месеци не бил во штабот на ВМРО-ДПМНЕ.

Јанушев во име на партијата се извини на новинарите што беа наречени „загари на Заев“.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ