(ВИДЕО) Јанушев: Да беа локални ќе имавме 42 градоначалници и партија со најмногу пратеници

Од:

Граѓаните покажаа дека бараат промени и против политиките на власта. Сами на избори против цел државен апарат, Давкова победи во 42 општини, да беа локални избори ќе имавме 42 градоначалници, а да беа парламентарни ќе бевме партија со најмногу пратенички мандати. ВМРО-ДПМНЕ имаше 62 илјади гласови повеќе од првиот круг, рече генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и шеф на изборниот штаб, Игор Јанушев.

– Порастот на гласовите за Пендаровски е неприроден и не е поради „метлата“ на Заев туку поради пазар, уцени и закани. Апсолутната власт значи апсолутна неодговорност на власта, ќе поднесме приговори до ДИК за групно гласање, поткуп и агитирање. Ќе поднесеме и кривични пријави, додаде тој.

Јанушев повтори дека остануваат на барањето за парламентарни предвремени избори.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела