Јанкуловски: УКИМ и годинава има богата понуда на студиски програми

Од:

Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“-Скопје е најголемиот, најстариот и најдобриот според сите рангирања во нашата земја. И годинава има богата понуда на студиски програми, како и претходните години. Тој е единствениот Универзитет кој ги има трите циклуси на студии, прв, втор и трет и има студиски програми од сите научни подрачја.

Ова денеска го изјави ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски на Денот на високото образование што се одржува во кампусот на техничките факултети.

Ректорот посочи дека Универзитетот од секогаш обрнувал посебно внимание на квалитетот на студиските програми, на нивно осовременување и збогатување.

– УКИМ има и други стратешки цели, како што се подобрување на квалитетот на студиските програми, можност да се запишат поголем број странски студенти на нашите факултети и овозможување мобилност на студентите и професорите, рече Јанкуловски.

Според него, посетеноста на штандовите укажува дека и оваа година ќе има голем број на запишани студенти на УКИМ.

На штандовите на факултетите посетителите може да погледнат презентации и изложбени материјали. Студентите ќе имат можност да ги погледнат факултетите, да се запознаат со дел од професорите, да ги разгледаат идните студиски програми и да се запознаат со целокупниот начи на студирање.

Би можело да ве интересира

Студенти од ФЛУ Скопје дел од меѓународна изложба во Сараево

А1он

Доделена годишната Награда на најдобрите научници и уметник на УКИМ за постигнати врвни резултати во 2024 година

Зградите на ФИНКИ и на Факултетот за физичко образование пропаѓаат со години, стручна анализа треба да ја одблокира изградбта

Катерина Ѓуровски

Николовски: Партиски членови не треба да се на раководни функции на студентско организирање

Бесплатни стоматолошки прегледи за студентите на УКИМ

УКИМ донира 3.800.000 денари за настраданите во Кочани