Јанкуловска: Опозицијата протестира против 12 илјади припадници на полицијата

Од:

Секој има право да протестира ако смета дека треба, но оние што денес протестираат не им е првпат својот револт или омраза кон поединци или политичка нетрпеливост да го проектираат на институции што е една лоша и недолична практика и ретко каде може да ја најдете, изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, коментирајќи го денешниот протест на опозицијата.

Одговарајќи на новинарско прашање Јанкуловска рече дека опозицијата протестира против 12 илјади припадници на полицијата кои чесно и достоинствено на максимално професионален начин ја вршат својата работа.

– Припадниците на полицијата во многу наврати досега покажале дека се достојни на задачите кои им се доверени. Секогаш работат во интерес на државата и во заштита на нејзиниот суверенитет и интегритет и покажуваат како треба и мора да се функцоинира независно од било какви политички притисоци кои СДСМ во многу наврати се обидува да ги направи врз полицијата. Нивните досегашни обиди се безуспешни односно полицијата во сите случаи каде било потребно да интервенира постапува исклучиво врз основа на професионалните стандарди без да подлегне на притисоците од најразлични типови, нагласи Јанкуловска.

Во врска со барањето на опозицијата за нејзина смена, Јанкуловска рече дека смената на министри се бара на избори или преку интерпелација во Собранието на Република Македонија.

Коалицијата „Сојуз за иднината“ предводена од СДСМ денеска во Скопје одржува протестен марш кој треба да заврши пред Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он