Јанкуловска: Нема да бидам амбасадор во САД

Од:

Гордана Јанкуловска министерката за внатрешни работи, во интервју за Утрински Весник, демантира дека има амбиции за амбасадорската функција во САД и дека зачестените средби со американскиот амбасадор не се поврзани со тоа.

„Овие средби наместо како чести, јас би ги карактеризирала како континуирана, редовна активност. Не само со амбасадорот Волерс, туку и со сите други меѓународни претставници во земјава. За мене е обврска, но и чест и задоволство да ја промовирам работата на МВР и да лобирам за поддршка на нашите активности. Изминатите години македонската полиција израсна во релевантен партнер на модерните европски полиции. Само ќе потсетам дека реализиравме низа проекти и активности, како и голем број акции што придонесуваат за подобрување на безбедноста. Токму поради тоа не’ посетија и ни оддадоа признанија првиот човек на Интерпол, како и голем број министри и директори. За вас и за граѓаните можеби е новина отвореноста и подигнувањето на интересот за работењето на Министерството, но тоа, дефинитивно, не е поврзано со некакви мои подготовки за амбасадорска функција во САД. Ниту имам интерес ниту амбиција за такво нешто”, вели Јанкуловска.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби