Јанкуловска: Лустрацијата расчистува со минатото и не ја нарушува безбедноста

Од:

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска во одбрана на законот за лустрација. Таа вели дека лустрацијата во никој случај нема да го наруши функционирањето на безбедносните служби, која денеска беше во посета на полициската станица во Ранковце.

„Напротив ваков процес е за поздравување и значи расчистување со минатото во смисла да се оневозможат лицата кои на одреден начин напредувале во кариера или остварувале материјална корист да не можат да бидат носители на јавни функции. Сметам дека јавноста има право да знае кои лица на недозоволен начин, користеле методи непримерни за едно демократско општество и успеале за нив да остварат некаквна корист“, изјави Јанкуловска.

Министерката ги негираше информациите дека МВР има добиено пријава за прекршување на законот за МВР поврзано со лустрацијата.

Би можело да ве интересира

Приведено 87-годишно лице кое возеше во спротивна насока на булеварот Партизански одреди

МВР апелира до родителите и јавноста: Препознајте ја опасноста од групата „764“ – заштитете ги децата

(ФОТО) Левица: Полициско насилство врз малолетници во Охрид – Tошковски молчи

А1он

Две верзии за целта на планираниот атентат во Грција: Ирански дисидент или израелски државјанин

Горан Наумовски

(ФОТО) Ја давеше, ја газеше по нозете, ја влечеше по асфалт и ја остави на сред улица – уапсен е син на инспектор во УЈП

А1он

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци