Јанкуловска го отвори централниот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово

Од:

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска и кандидатот за градоначалник Зоран Ѓеорѓиевски, вчеравечер присуствуваа на отворањето на централниот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ, пред Центарот за култура во Куманово.

Јанкуловска изјави дека во Куманово се чувствува како дома и дека токму од тука ВМРО-ДПМНЕ ќе тргне во победа.

– Куманово заслужува многу подобар градоначалник и многу поголем развој, а не како што беше случајот изминативе години додека со општината управуваше СДСМ. Јас често сум во Куманово и навистина е жално кога ќе видите колку заостанува зад другите урбани општини, а сепак е најголема општина, изјави министерката.

Кандидатот за градоначалник, доктор Зоран Ѓорѓиевски нагласи дека нивните активисти ги чека тешка борба, но тие знаат однапред дека ќе победат на претстојните локални избори. Додаде дека ќе ги реши проблемите со кои последниве години се соочуваат кумановци.

– Уште во првите излегувања рековме дека ќе водиме позитивна кампања и нема да се навраќаме на она што се случувало во минатото. Имаме програма која ќе биде ѕвезда водилка, која е темелно разработено и кога ќе дојдеме на власт ќе ја оствариме, вели Ѓеорѓиевски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

Нападната е жена во старски дом во Куманово – заврши во болница

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал