Јанкулоска: За содржината на избирачкиот список надлежна е ДИК

Од:

Издавањето лични документи е надлежност на Министерството за внатрешни работи, а за содржината на избирачкиот список е одговорна Државната изборна комисија и тоа е регулирано со закон.

Ова го изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска одговарајќи на новинарско прашање во врска со обвинувањата од кандидатот на „Сојузот за иднина“  за градоначалник на Општина Центар,  Андреј Жерновски за „фантомски гласачи“.

Јанкулоска денеска заедно со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ на Ѓорче Петров Сокол Митровски ја посети полициската станица во таа скопска општина.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?