Јанкулоска во Истанбул на конференција за миграционото партнерство на земјите од „рутата на свилата“

Од:

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска во Истанбул, Република Турција, ќе учествува на петтата министерска конференција во рамки на т.н. Будимпештански процес посветена на миграционото партнерство на земјите од „рутата на свилата“.

На конференцијата на која што ќе учествуваат министри за внатрешни работи на земји членки на ЕУ, како и министрите за внатрешни работи од Албанија, Црна Гора, Швајцарија, Босна и Херцеговина, Азербејџан, Авганистан, Пакистан, Ирак, Руската федерација, свое обраќање ќе има и министерката Јанкулоска.

По завршувањето на конференцијата, предвидено е министрите да усвојат заедничка Декларација за воспоставување миграционо партнерство со цел да се промовира дијалог и соработка за управување со миграционите текови кои се случуваат долж „рутите на свилата“, со што се потврдува пренасочувањето на географскиот опсег и фокусот на Будампештанскиот процес.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби