А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Јанкулоска: Секогаш има простор за заострување на регулативата посебно во делот на поседување и носење службено оружје

by А1он27/11/2014 - 15:19116
Share0

Тројното убиство во Злетово го изврши професионален војник со службено оружје кое не подлежи на режимот на приватното оружје. Системот кој функционира кај приватното оружје би можел во некоја форма да се преслика и кај службеното, што значи да имаме многу построга регулатива и процедура за ваквите случаи каде можеби ќе можеме да превенираме некои настани со елементи на насилство.

Следете a1on на Instagram Instagram

Ова денеска го истакна министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска одговарајќи на прашање на пратеничката Љубица Буралиева на 23. седница на Собранието на Република Македонија.

Според Јанкулоска, секогаш постои простор за подобрување на регулативата и за нејзино заострување посебно во делот на поседување и носење на службеното оружје.

Таа посочи дека Владата на последната седница пред два дена донесе одлука врз основа на која е формирана и функционира Работна група која има за задача да ги разгледа околностите во кои едно лице по службен пат може да ракува со оружје и да даде свои предлози за заострување на процедурите, односно пропишување попрецизни процедури како треба да се постапува со лицата кои по службена должност ракуваат со оружје во случаите каде ќе се добијат или оперативни или конкретни сознанија дека тие се наклонети кон насилство или дека сториле кривично дело или прекршок со елементи на насилство.

Следете a1on на Youtube YouTube

Како МВР, појасни таа, ниту сме издале дозвола, ниту сме издале оружје.

– Тоа го прави институцијата каде е вработено лицето кое го поседувало оружјето, во конкретниот случај АРМ, меѓутоа постапката по аналогија е иста и за службените лица во МВР. Во овој случај не сме можеле да реагираме на начин кој го пропишува Законот за оружје. Од она што го слушнав од колегите од Министерството за одбрана и од АРМ се чини дека и таму постојат одредени процедури врз основа на кои би требало и би можело да се утврди дали лицето навистина и понатаму ги исполнува сите услови за ракување со оружје. Тие во тој дел претпоставувам во периодот кој следи врз основа на најавената Комисија која треба да го истражи случајот ќе ги дадат своите наоди, рече Јанкулоска.

Претходното тројно убиство во Кавадарци, истакна министерката, не е извршено со службено оружје туку е извршено од приватно лице со приватно оружје за кое поседувало дозвола.

– Правната рамка во делот на приватното оружје предвидува строги механизми кои би требало да гарантираат добар систем на контрола на профилот на лицата кои поседуваат приватно оружје. Тројното убиство во Кавадарци беше извршено со приватно оружје. Лицето добило дозвола за поседување оружје, но ние утврдивме и врз основа на наодите поднесовме две кривични пријави дека направени се пропусти во моментот кога полициските службеници не му го одзеле оружјето, а дознале дека тоа има добиено кривична пријава со елементи на насилство, рече Јанкулоска.

Таа потенцира дека Законот предвидува одземање на оружјето, но направен е пропуст и за тоа се поднесени две кривични пријави.

mvr

Би можело да ве интересира

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски12/10/2026 - 13:5412/10/2026 - 15:16

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски09/10/2026 - 11:4709/10/2026 - 14:27

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он08/10/2026 - 08:3608/10/2026 - 08:37

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Катерина Ѓуровски05/10/2026 - 15:29

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Предраг Петровиќ04/10/2026 - 11:42

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Предраг Петровиќ02/10/2026 - 17:15
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео