Јанкулоска: Пријавени 25 случаи на украдени регистарски таблички на македонски туристи во Грција

Од:

Од почетокот на летната туристичка сезона при влез во земјата од Грција, во 25 случаи македонски државјани пријавиле украдени регистерски таблички од нивните автомобили. На 18 возила им биле украдени и двете таблички.

Во 16 случаи кражбите се пријавени и кај грчката полиција, информираше денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Исто така пријавени се и четири случаи на оштетувања на возила односно на задната табличка на возилото со црн спреј била избришана ознаката „МК“ и во некои случиа било напишано „ГР“.
Најчесто, според Јанкулоска која одговараше на прашање на пратеникот Милорад Додевски од ВМРО-ДПМНЕ, кражбите се случиле во Ханиоти и во Неа Пори. Иако добар дел од кражбите се пријавени и во грчката полиција, досега МВР нема добиено никаква информација од грчките колеги за случаите.

– Немаме информација дека некои од овие случаи се разрешени, изјави Јанкулоска.
Петнаесет од македонските граѓани кои пријавиле кражба или оштетување се од Скопје, а останатите од повеќе други градови.

Инвестициите во инфраструктурниот развој во дебарско-мавровскиот регион оваа година изнесуваат околу пет милиони евра односно 330 милиони денари. Заменик-министерот за транспорт и врски Џељаљ Бајрами, одговарајќи на прашање на пратеничката Јулиета Марку од ДУИ, во однос на патниот правец Дебар-Маврово рече дека работите на делот од Извор до Бошков мост се почанти во рок. Во дел од патниот правец работите се завршени целосно, но се поставува сигнализацијата и ознаките на патот. Изградбата на патот чини 90 милиони денари,а патниот правец набрзо ќе биде пуштен во употреба.

Се реконструира и патниот правец Струга – Дебар, кој многу одамна не бил саниран. Според Бајрами, реконструкцијата на овој патен правец ќе чини 240 милиони денари.

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа