Јанкулоска: Поднесени кривични пријави за случајот со малолетната Александра

Од:

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска изјави дека е поднесена кривична пријава за членовите на семејството Бошњаноковски и за таткото на малолетната Александра Бошњаковска, по која се трагаше.

Полицијата синоќа околу 22:30 часот, кај населено место Маврови Анови го пронајде малолетното шестгодишно девојче.

– Во текот на вчерашниот ден ние поднесовме кривични пријави и беше издадена потерница од страна на Судот практично за сите членови на семејството на таткото на девјчето. Врз основа на таа распишана потерница од Судот, МВР во координација на повеќе сектори изврши претрес на неколку објекти и вчера во вечерните часови беше пронајдено девојчето во придружба на мајката на нејзиниот татко, значи бабата на девојчето на територијата на општина Маврово и Ростуше, при обид да ја смени локацијата каде претходно се наоѓале, изјави Јанкулоска.

Претходно денеска МВР соопшти дека во врска со овој настан веќе поднесе кривична пријава против С.Б.(41), А.Б.(66), С.Б.(64) и М.Б.(38), сите од Скопје, за сторени две кривични дела „одземање на малолетник“ и „запуштање и малтретирање на малолетно лице“.

По добиените информации дека малолетното дете се наоѓа на подрачје на Македонски Брод, по преземени мерки и активности, околу 22.30 часот од страна на полициските патроли кај населеното место Маврови Анови сопрено е такси возило во кое биле малолетното дете и неговата баба С.Б. за кои претходно се распишани потерници за пронаоѓање, се наведува соопштението од МВР.

Откако полицијата го пронашла девојчето тоа и е предадено на мајката, која е нејзин законски старател.

Во јули 2011 година, додека Т.Б., инаку поранешна сопруга на С.Б., била во Србија со нивната малолетна ќерка, дошле таткото на С.Б., А.Б. и неговиот брат М.Б. и со употреба на физичка сила и закана по живот ја одзеле нејзината малолетна ќерка и ја донеле во Македонија. По ова, мајката на С.Б., заедно со останатите членови, го криеле девојчето на различни локации во Скопје, постапувајќи спротивно на правосилната судска пресуда со која девојчето и било доделено на Т.Б.

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа