Јанкулоска: Поддршка на домашните капацитети, малите и средните претпријатија

Од:

Новата четиригодишна програма е фокусирана на поддршка на домашната економија, посебно малите и средните претпријатија и отворање нови или проширување на постојните капацитети, рече Гордана Јанкулоска, носител на листата за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалцијата „За подобра Македонија” во Втората изборна единица, при посетата на кумановската чевларска компанија „Бос“.

Соопшти дека стопанствениците може да ја искористат кредитната линија преку Македонската банка за поддршка на развојот, во висина од 100 милиони евра, со субвенционирана каматна стапка од 5,5 проценти.

– Можностите за покривање на трошоците за менаџери, за искуство од странски компании во функција на промоција на македонските производи надвор од границите на Р.Македонија, но и во функција на унапредување на произвоството, секако дека ќе бидат дополнителн импулс за развој на малите и средните претпријатија, рече Јанкулоска.

Според неа, стопанствениците покажуваат интерес за ниските даноци кои Р.Македонија ги нуди како можност за инвестиција. – Голем дел од стопанствениците кои веќе имаат одредени стопански капцитети, носат одлуки за нивно проширување заради можноста за реинвестирање на добивката, рече Јанкулоска.

На средбите со граѓани од наслебата Средорек Јанкулоска зборуваше и за мерките за подобрување на здравството и за поквалитетно образование содржани во програмата. Им укажа дека можностите за вработување се во образованието. За најсиромашните, рече таа, се предлага мерка за отпишување на долговите.

Би можело да ве интересира

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски