Јанкулоска: Омразата на СДСМ се проектира и кон институциите

Од:

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска по барање на новинарите да ги коментира барањата на опозицискиот „Сојуз на иднината“ предводен од СДСМ за смена на министрите за правда, за внатрешни работи и за финансии со личности кои со својот кредибилитет ќе гарантираат објективност на изборниот процес, нагласи дека со тоа само се потврдува оти омразата на одредени личности во СДСМ, се проектира кон институциите.

Тоа, истакна таа, што не е добро за државата, затоа што институциите мора да продолжат да работат независно без разлика на тоа што независноста за СДСМ по дефиниција е власт во која тие имаат апсолутна доминација односно во која се извршуваат нивните партиски наредби.

– За успешноста или неуспешноста на функционирањето на МВР најмногу говорат резултатите, но уште повеќе говори довербата која граѓаните ја даваат на една политичка гарнитура на избори. СДСМ шест пати по ред од година во година трпи се покатастрофален пораз, не од министрите, туку од граѓаните кои не им ја даваат довербата единствено заради фактот што тие немаат никаква конкретна понуда, проекти и немаат резултати кои би ги презентирале од времето кога тие имале можност да раководат со државата, потенцира Јанкулоска на денешната прес – конференција за полициската акција „Детонатор“.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена