Јанкулоска одговори со документ и најави тужба за СДСМ

Од:

Лаги и манипулации, вака Министерството за внатрешни работи ги оцени денеска објавените информации од страна на СДСМ во врска со двата страна на министерката Гордана Јанкулоска и како таа ги купила.

„СДСМ лаже дека не постои кредит. Договорот е склучен на 05.01.2012 година со ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА А.Д. Скопје со седиште на ул. Македонија 9-11, 1000 Скопје. Договорот го имам и јас, а го има и во архива на банката. Истиот е склучен врз основа на Одлука на Кредитниот одбор на Банката бр. 113 од 05.01.2012 година, од кредитната линија на Steiermarkische Bank und Sparkassen AG од Грац, Австрија, а се однесува на долгорочен наменски кредит во денарска противвредност пресметана по среден курс на Евро, според Курсната листа на НБМ на денот на исплата во износ од 90.000 евра со рок на отплата од 360 месеци“, вели Јанкулоска во реакцијата до СДСМ.
izvestuvanje UJP

Во писмената реакција се вели дека тврдењето на СДСМ дека кредитот не е пријавен во Државната комисија за спречување на корупција е лага наведувајќи дека за тоа социјалдемократите добиле деманти и од самата институција.

„Најостро беа демантирани и од Управата за јавни приходи. Не сакам да се симнувам на нивото на СДСМ и јавноста да помисли дека е неопходно да се докажува вистинитоста на ставовите на државните институции, но заради зголемување на оштетното побарување на јавен увид ги ставам и ги испраќам до сите медиуми и известувањата за кредитот проследени до двете институции на 03.02.2012 година“, се наведува во реакцијата од министерката Јанкулоска.

dogovor za kredit so sparkase

„Двата стана кои ги купивме со мојот сопруг се ставени како залог, односно хипотека за подигнатиот кредит. Од имотниот лист може да се види дека тие не се 214 метри квадратни како што манипулира СДСМ“, вели Јанкулоска додавајќи дека за да ги купи новите станови таа го продала стариот стан кој што го поседувала пред да стапи на функција и ги искористила заштедите.

„Се гледаме на суд. Се надевам дека покрај потпаролот Петре Шилегов ќе се појават и останатите креатори и иницијатори на оваа бесмислена и очајна приказна на СДСМ.“

Сите документи што министерката Јанкулоска ги објави за купувањето на становите може да се погледната на интернет страницата на МВР.

Би можело да ве интересира

Кривична за екс директорот на затворот во Струмица: Пуштал да се шетаат затвореници кои немале право на привилегии, манипулирал со документацијата

МВР бара помош од граѓаните: Кој има информација за Марк Јорис веднаш да не алармира

Претрес во Штип, пронајдена дрога

Предраг Петровиќ

МВР уапси двајца крадци кои краделе домашни животни

Пуштиле осуденик на слобода зошто немало место во затвор, кривична за тројца битолски полицајци

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Кузеска: Бројни советници по кабинети, масовна партизација на грбот на граѓаните и во МВР

Горан Наумовски