Јанкулоска: Нови мерки за популаризација на железничкиот сообраќај

Од:

Заедно со младите од општините од Изборната единица 2, Гордана Јанкулоска патуваше со воз од Скопје до Куманово.

На железничката стеница во Куманово, таа ги презентираше проектите од програмата на ВМРО-ДПМНЕ, а како еден од најважните ја наведе изградбата и реконструкцијата на пругата на делницата Куманово-Бељаковце, проект кој предвидува изградба и реконструкција на пруга во должина од 30,8 километри.

– Во март 2014 година започнавме со градба на првата делница од пругата кон Бугарија од вкупно три. Во наредниот период ќе работиме интензивно за реализација на предвидените делници од овој проект, истакна Јанкулоска.

Во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ, посочи таа, се предлагаат мерки за ревитализација и подобрување на условите во железницата, меѓутоа предвидено е и завршување на еден од најголемите капитални проекти за кои, истакна Јанкулоска, со децении се зборуваше меѓутоа ништо не се правеше, а тоа е изградба на пругата кон Бугарија за што се обезбедени средства, заокружена е финансиската конструкција и изградбата веќе започна.

Таа додаде дека предвидено е обнова на возниот парк на МЖ Транспорт, проект вреден 50 милиони евра. Најави инвестиции во обезбедување нови шест патнички композиции и 150 товарни вагони, кои, подвлече Јанкулоска, секако дека ќе бидат голем придонес и помош за стопанството.

Јанкулоска истакна дека во новата програма е предвидено билет за повеќе патувања со кој ќе се намали цената на билетите за цели 30 проценти.

– Во програмата и за младите предвидуваме бесплатен викенд (петок, сабота и недела) еднаш во месецот за превоз во железничкиот сообраќај во Република Македонија. Сите млади до 27 години ќе имаат право на бесплатен повратен билет во определен викенд во месецот, потенцираше меѓу другото Јанкулоска, додавајќи оти предвиден е бесплатен викенд со железница и за пензионерите односно за лицата над 62 или 64 години возраст.

Би можело да ве интересира

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618

ДИК почна да ги објавува првичните резултати од гласањето: Радически има 891 глас, Усеини 438, Радески 226