Јанкулоска: Новата 2013 пречекана мирно и без поголеми инциденти

Од:

Новата 2013 година е пречекана мирно и без поголеми инциденти на целата територија на државата. Регистрирани се 10 сообраќајни несреќи, од кои во две животот го загубија две лица, изјави денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

– И годинава се потврди стандардот, кој на некој начин се воспостави во последниве неколку години Новата година да се прославува мирно и во добро расположение. Во текот на изминатата ноќ евидентирани се помал број мали прекршоци во однос на прекршоците евидентирани во текот на пречекот на 2012 година, што значи дека имаме еден позитивен тренд  на намалување на прекршоците во текот на новогодишната ноќ, рече Јанкулоска по посетата на Сообраќајната полиција на Град Скопје.

Станува збор, појасни министерката, за различен тип прекршоци како имотни деликти, караници, меѓусебни недоразбирања.

Од разговорите со припадниците на Сообраќајната полиција, пак, Јанкулоска оцени дека се потврди оти неодговорното однесување во сообраќајот и натаму претставува сериозна закана.

– Иако во текот на 2012 година во однос на претходната 2011 година бројот на сообраќајни несреќи бележи пад и само на територијата на Град Скопје падот на сообраќајните несреќи со последица смрт е над 50 проценти, односно во 2012 имаме 28 жртви помалку во однос на 2011 година. Сепак во текот на новогодишната ноќ се случија осум сообраќајни несреќи од кои шест се со штета, а две се со телесни повреди. Утрово во седум часот на територијата на Град Скопје се случи сообраќајна несреќа со последица смрт. Исто така, во текот на новогодишната ноќ сообраќајна несреќа со последица смрт се случи и на територијата на Прилеп, рече Јанкулоска.

Од анализата, пак, за состојбите во сообраќајот на територијата на Град Скопје, констатирано е подобрување во однос на безбедноста во сообраќајот, а се должи, рече, на мерките кои континуирано се преземаат во делот на превентивата, во делот на техничките мерки со имплементација на проектот „Save City“ (Безбеден град) или популарните безбедносни камери кои се поставени на клучните сообраќајници, но и заради спроведување на репресивните мерки.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: „Дивиот“ забавен парк кај „Борис Трајковски“ ќе биде отстранет

МВР: Амбер Алерт Европа стартува со кампања низ цела Европа со совети како да се постапи во случај на исчезнато дете

Уапсен кавадарчанец кој му се заканувал на градоначалникот Јанчев

Кумановец загина во тешка сообраќајна несреќа кај Агино село

Пронашле граната, ја однеле во полициска станица во Берово

(ВИДЕО) Агитирање и летоци – нема посериозни инциденти за изборите

Анита Петровска Рајковиќ