Јанкулоска: Никој во светот нема евиденција за лица кои заминале во кризните жаришта

Од:

Не можеме да дадеме бројка бидејќи никој во светот нема таква евиденција. Бројките што се споменуваат во јавноста се повеќе проценки на безбедносните служби врз основа на разменетите информации, меѓутоа никој не може да тврди дека тоа е прецизна бројка која произлегува од некаква евиденција бидејќи таква евиденција никаде не се води.

Вака одговори министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на денешната прес-конференција на новинарско прашање дали постои некаква бројка на државјани на Република Македонија кои се членови на некои терористички групи или војуваат на некои од кризните жаришта.

– Ниту една држава во светот нема прецизна евиденција на број  лица кои заминале со таква цел, затоа што практично ниту едно од овие лица јасно не ја декларира намерата на заминување. Најчесто заминуваат  под превезот на друг  тип ангажман, па дури и туристички патувања, а потоа се инволвираат во воени, паравоени или параполициски формации во кризните жаришта, појасни Јанкулоска.

Единствената бројка за која со сигурност може која било држава да зборува, вклучувајќи ја и Реублика Македонија, потенцира таа, е бројката на лица за кои има информација дека се државјани на Република Македонија, а загинале на боиштата во кризните реигони.

Меѓутоа, истакна Јанкулоска, самиот факт што Република Македонија се придружи на групата земји кои имаат строга регулатива во однос на овие прашања, сметаме дека на институциите им дава дополнителна алатка за детектирање на потенцијалните проблеми и соодветно реагирање кога ќе имаме не само сознанија, туку и докази за евентуален ваков ангажман.

– Досега немаме информација врз основа на која би можеле да тврдиме дека такви лица поминале низ Република Македонија, ниту пак имаме детектирано од овие кои сме ги откриле во државава, а ги има во голем број затоа што евидентен е притисокот од илегалните мигранти и речиси секој ден имаме случај на реализација во кој се приведуваат лица за организирани вакви кривични дела, директно учество, а се приведуваат и самите мигранти, рече министерката за внатрешни работи.

Таа нагласи дека самата илегална миграција е закана за државите и нешто што ние се обидуваме на организирани начин да го сузбиеме. Ниту една институција во ниту една од државите, тука смета и државата од каде што најчесто доаѓаат, а тоа е Грција и државите низ кои поминуваат  во овој случај Макеоднија и Србија, но и другите држави во регионот, децидна е Јанкулоска, не може да има информации за профилот на овие лица, нивното минато, нивните мотиви зошто настојуваат да поминат од една во друга држава, иако најголем дел од нив се декларираат како бегалци од кризните подрачја, лица кои се баратели на азил.

Сепак, подвлече Јанкулоска, самата проблематика на сузбивање на илегалната миграција значи посепфатен пристап кој мора да тангира повеќе проблеми од различни типови вклучително и потенцијалните безбедносни закани за државите во кои илегалните мигранти имаат финална дестинација, но и државите низ кои поминуваат до нивната крајна дестинација.

Би можело да ве интересира

МВР: Се истепале вработени во здравствена установа во Скопје

Уште се чека за пасош со месеци, постапката забрзана ама само за оние што имаат да платат 100 евра

МВР: Скопјанка нападнала новинар, но и полициски службеник

Тошковски: Управниот суд донесе пресуди со кои поништи три незаконски одлуки на Владата

Орце Костов

Убиениот лекар бил матичен од Железара – се прегледува видеонадзорот за да се најде убиецот

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо