Јанкулоска: Намалување на процентот на насилство во автобусите во однос на минатата година

Од:

Шест средни училишта од Скопје и оваа година ќе бидат дел од проектот на „Скопје град без насилство“ кој го спроведува Министерството за внатрешни работи во соработка со ЈСП-Скопје и Град Скопје, најави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска која денеска заедно со градоначалникот на Скопје Коце Трајановски под Железничката станица кај Транспортен центар делеа промотивни материјали во автобусите, автобуските постојки и билетарите.

– Нашата цел е овој проект во учебната 2014/15 година да се спроведе во средните училишта „Здравко Цветковски“, Цветан Димов“, „Браќа Миладиновци“, „Панче Караѓозов“, „Владо Тасевски“ и „Марија Склодовска Кири“, каде што ќе се одржат едукативни работилници и ќе бидат опфатени над 3.000 ученици од прва и втора година од училиштата, истакна Јанкулоска.

Сведоци сме, додаде, дека во минатото имавме чести ситуации на употреба на насилство, конфликти на младите, и во училишните простории и дворови, меѓутоа и на автобуските постојки, а неретко и во автобусите на ЈСП-Скопје. За таа цел со одржување на околу 100 работилници во наведените училишта, рече дека ќе се подига свеста за потребата од совесно однесување на младите.

Во однос на првите девет месеци од  минатата година, министерката Јанкулоска информира дека оваа година има намалување за 31 процент на насилство во автобусите, но зголемен е бројот на инцидентите на автобуските постојки. За состојбите во јавниот ред и мир на територијата на Град Скопје, рече дека статистиката бележи позитивни резултати, односно се забележува намалување на прекршоците за 6,41 проценти во однос на минатата година за истиот период каде 41 отсто помалку се физичките напади и 52 проценти помалку се учествата во тепачки.

За градоначалникот на Скопје Коце Трајановски ефектите од овој проект се видливи во однос на намалувањерто на насилството кај средношколците. Потенцира дека со оваа акција на Министерството и градот, со информирање на учениците и родителите преку работилниците што ќе се спроведуваат со програмата на „Скопје град без насилство“ ќе се придонесе до поголема свест и толеранција кај учениците.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Панче Тошковски го суспендира командирот од Ропотово, Даница Чадиева од СДС преку Второстепена го враќа

Полицајци земале поткуп од странци, па им фингирале документи дека влегле или излегле од Македонија

(ВИДЕО) Кузеска: Скандалот во МВР со испитниот центар смрди на корупција!

Млада жена се обидела да ја убие бабата на сопругот, поведена истрага

МВР: На ниту еден граѓанин не му беше скратено правото да присуствува на вчерашниот протест во Кочани

Предраг Петровиќ

Скопјанка криумчарела мигранти од Египет