Јанкулоска на неформалниот министерски состанок во Даблин

Од:

Миграциската политика, растот и внатрешната безбедност беа темите околу кои денеска дискутираа министрите за внатрешни работи и за правда од земји членки на ЕУ, како и од земјите кандидати за членство во Унијата во претпладневниот работен дел од неформалниот министерски состанок што во организација на Ирското претседателство денеска и утре се одржува во Даблин, а на кој учествува и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Министрите од земјите на ЕУ, како што информира МВР, беа едногласни во констатацијата дека е неопходна силна контрола на надворешните граници, меѓутоа не на штета на легалната миграција и слободниот проток на луѓе и стока. Со оглед на фактот дека токму ЕУ се соочува со недостигот на квалификувана работна сила, ригорозната контрола би била серозна пречка на неопходното забрзување на економски развој.

Министрите од земјите од ЕУ дискутирајќи околу аспектите на миграциските политики оцениле дека визната либерализација претставува исклучително позитивен чекор во таа насока. Ставот на министрите околу актуелната визна политика бил во правец на засилување на контролата во рамки на нејзиното спроведување, без притоа да се наштети на мнозинството граѓани кои ги почитуваат прописите, дотолку повеќе што визната либерализација влијае на привлекување млад квалификуван кадар во земјите од ЕУ.

Во претпладневните работни сесии на неформалниот министерски состанок беа промовирани некои од приоритетите на ирското претседавање со ЕУ во наредниот шестмесечен мандат, а во рамки на областите безбедност, слобода и правда. Притоа, напоредно со вниманието кон визната политика, миграциите, азилот, контролата на границите, посебно внимание ќе се посвети на внатрешната безбедност, односно борбата против организираниот криминал особено во областите на компјутерскиот и финансискиот криминал, недозволената трговија со дрога, како и борбата против тероризмот и против трговијата со луѓе.

Според зацртаните задачи, приоритет ќе биде подготовка на Европскиот модел за размена на информации (EIXM), кој е основна алатка за обезбедување навремен пристап до точни информации од криминалистичкото разузнавање на националните органи за прогон, реализација на Акцискиот план за 2013-2016 за започнување со имплементација на новата ЕУ Стратегија за дрога 2013-2020, како и интензивирање на активностит во развивањето и формирањето на Европскиот центар за компјутерски криминал (EC3) на Европол.

На маргините од работниот дел на неформалниот состанок предвидено е министерката Јанкулоска да има билатерална средба со министерот за внатрешни работи и заменик премиер на Владата на Република Бугарија, Цветан Цветанов.

Би можело да ве интересира

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини