Јанкулоска на меѓународна конференција во Сараево

Од:

Министерката за внатрешни работи на Република Македонија, Гордана Јанкулоска денеска отпатува за Сараево,каде што ќе учествува на меѓународната конференција насловена „Безбедноста на Балканот, технологии и образование – предизвици во рамки на компјутерската инфраструктура“, што утре ќе се одржи во организација на босанското Министерство за внатрешни работи и Американскиот универзитет во Босна и Херцеговина.

На оваа конференција покрај министерката Јанкулоска ќе учествуваат и министрите за внатрешни работи на Хрватска, Црна Гора, Србија, Турција, Албанија, БиХ, како и претставници на американската ФБИ, на Советот на Европа, НАТО, институтот „Џорџ Маршал“ и други.

Предвидено е министерката Јанкулоска да има свое обраќање на посочената тема. На маргините на конференцијата министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска ќе има билатерални средби со своите колеги од Србија и Турција.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски