Јанкулоска: МВР е подготвено за одржување слободни, фер и демократски избори

Од:

Оперативниот штаб на МВР задолжен за реализирање на обврските поврзани со претстојните локални избори е целосно подготвен и е ставен во функција на одржување на слободни, фер и демократски избори, нагласи денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

На претстојните избори се очекува вклучување максимален број полициски службеници, а секој полицаец ќе добијат посебен прирачник, што е изработен во соработка со ОБСЕ, како корисна алатка за подобро снаоѓање во дадени ситуации. Точната бројка полициски службеници кои ќе бидат ангажирани на денот на изборите зависи од повеќе параметри и во овој момент не е се уште определена.

– Но, и кога ќе биде определена останува проценката во дадениот момент на МВР дали ќе се обелодени. Ќе се обезбеди доволен број полициски службеници што ќе гарантира слободни, фер и демократски избори односно остварување на правата на граѓаните и во смисла на активно, но и пасивно избирачко право, рече Јанкулоска.

Работа на МВР, нагласи таа,е да ги предвидува сите можни случувања и сценарија и да има решенија и ако се случуваат инциденти и ако не се случуваат. Искуствата, подвлече, покажуваат дека полицијата има капацитет да се справи со секаква ситуација.

– Не би сакала да коментирам политички одлуки на кои било политички субјект, но од позиција на министер за внатрешни работи можам да им гарантирам на граѓаните дека во целост ќе можат да ги искористат своите права и во смисла на гласачко право, но и за реализирање на нивните права како кандидати на различни позиции на овие избори, одговори Јанкулоска на новинарското прашање дали со бојкотот на изборите од опозицијата може да се очекуваат инциденти и протести.

Јанкулоска изрази надеж дека на овие избори, МВР нема да биде во ситуација во кој било дел на Република Македонија да има потреба на ангажман односно реакција на полицијата.

По однос на ризичните точки, појасни, МВР има согледување каде во минатото најчесто имало проблеми и тоа е сериозен индикатор за распоред на  полицисктие сили во смисла на одржување на јавниот ред и мир, обезбедување на избирачките места во рамки на надлежностите на МВР, и излегување во пресрет на граѓаните за која било потреба поврзана со работењето на полицијата.

– Во очекување сме ДИК најдоцна до 21 февруари да информира и да ги објави описите на избирачките места, по што ќе биде направен детален план за распоред на полициските службеници кои ќе бидат задолжени за избирачкиот процес, појасни министерката за внатрешни работи.

Инаку, од денеска постои Акционен план што се однесува на активностите што треба да се случуваат од пред официјалното започнување на изборната кампања, самиот ден на изборите до затворање на избирачките места и транспортирање на изборниот материјал до Изборните комисии.

Формирани се и осум дополнителни штабови на ниво на Сектори за внатрешни работи. Ќе бидат поканети во работата на Оперативниот штаб да учествуваат и претставници на ОБСЕ и други претставници на меѓународната заедница кои имат интерес за следење на изборниот процес и сите дејствија кои претходат.

Според Јанкулоска, на исклучително високо ниво е соработката со ДИК, а се потпишани и писма за соработка со сите заинтересирани НВО кои сакаат да дадат придонес за организирање на локалните избори. Таа потенцира дека МВР останува отворено за граѓаните доколку имаат некоја информација што сметаат дека оди на штета на изборниот процес или се загрозуваат нивните права и како избирачи или како кандидати, таквите појави да ги пријават.

МВР останува отворено за граѓаните и за време на изборниот процес за да им овозможат да го релизираат своето избирачко право.

Би можело да ве интересира

Пронашле граната, ја однеле во полициска станица во Берово

Течат роковите за приговори за изборите и инаугурација на новата претседателка

Димитриевски: Потврдивме минимум пратеничка група, ќе бидеме со граѓаните и ќе работиме за нив

Орце Костов

Број на пратеници: ВМРО-ДПМНЕ 59, ДУИ 19, СДСМ 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5

Орце Костов

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

Орце Костов

Касами: Од утре почнуваат преговори за влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Влен