Јанкулоска: Македонија партнер на ЕУ во борбата со илегалната миграција

Од:

Република Македонија се соочува со зголемен притисок од илегалната миграција која доаѓа од нашата јужна граница, која е граница со Европската Унија, истакна министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во обраќањето на неформалниот состанок на министрите за внатрешни работи од земјите членки на Унијата што се одржува во литванскиот главен град Вилнус.

– Ние си поставивме цел да бидеме непремостива пречка за илегалните мигранти кои доаѓаат главно од африканските и азиските држави, чија цел е да ја искористат Република Македонија, како земја транзит на патот на т.н. „балканско-западна рута“ и да заминат во некоја западно-европска држава.

– Подготвени сме да бидеме дел од браникот на ЕУ, но нашата задача не е нималку лесна, а ризиците по нашата земја само се мултиплицираат, доколку без соодветен одговор продолжи овој бран од јужната граница кој се заканува да не поплави, рече Јанкулоска.

Презентирајќи ги достигнувањата на Република Македонија, министерката Јанкулоска посочи дека значително се зголемени активностите во делот на криумчарењето на мигранти затоа што токму тие како специфична категорија на луѓе се и тоа како подложни особено на трудовата експлоатација и современото ропство. МВР лани ја зголеми откривачка функција во однос на криумчарењето на мигранти за 44%.

Повеќе од двојно е зголемен и бројот на откриени криумчарени мигранти од азиските и африканските земји (415). Решени се голем број случаи, а неодамна беше откриена 15 члена организирана криминална група кои како дел од меѓународна криминална мрежа за криумчарење на мигранти вршела криумчарење на мигранти од Грција, преку Македонија и Србија каде истите илегално се пренесувале во западноевропските земји.

Како аргумент за напорите кои се вложуваат во сузбивање на оваа појава, министерката Јанкулоска потенцира дека и во најновиот Извештај на Стејт департментот, по четврти пат Република Македонија е во друштво со 31 земја кои се категоризирани во првата, односно во групата ТИЕР 1 – земји што целосно ги исполнуваат стандардите во борбата против трговијата со луѓе, меѓу 187 држави во светот кои се опфатени со него, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Пронајдено детето што беше пријавено за исчезнато во Сарај

А1он

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он

Уапсен триесетгодишник од Стојаково, полицијата му нашла марихуана во домот

А1он

МВР: Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница, исчезнал болен маж од Кавадарци

Горан Наумовски

(ВИДЕО) 12 граѓани ги фотографирале гласачките ливчиња, шест пријави за нудење на поткуп – Министерот Тошковски за изборниот ден

Анита Петровска Рајковиќ

МВР: Нови случаи на фотографирање и кинење на гласачко ливче

Горан Наумовски