Јанкулоска: Граѓаните да не потпаѓаат на провокации

Од:

Секоја демонстрација и акт на насилство заслужува најостра осуда, а потоа и соодветна санкција согласно законот, рече денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, одговорајќи на новинарско прашање во врска со инцидентите во Сарај и Чаир кога беа искинати црковно и државно знаме на Република Македонија.

Според неа, сторителите се уште не се пронајдени, ниту настаните се расчистени во целост.

– МВР ќе продолжи со активностите до целосно расчистување на секој поединечен случај. Во овој момент немам целосни податоци за сторителите поради што не би можела да шпекулирам, напомена Јанкулоска.

Таа апелира граѓаните да не потпаѓаат на какви било провокации иако, како што рече, некој можеби со право се чувствува испоровоциран, и да се воздржат од секакви акти на насилство зашто еден инцидент, води кон друг, а тоа нема да ги смири тензиите, туку може да ги наруши довербата и атмосферата на соживот.

МВР од албанските колеги очекува и најостра реакција за синоќешните инциденти во Тирана што се случија додека премиерот Никола Груевски беше на средби со својот колега Сали Бериша и на македонско-албанскиот бизнис форум.

– По однос на инцидентите во Тирана очекувам остра реакција на тамошните власти, брзо расчистување на случаите и најостро санкционирање на сторителите, подвлече министерката за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи