Јанкулоска го повика Жерновски ако има информација да ја сподели со МВР

Од:

Доколку градоначалникот на Центар Андреј Жерновски или кое било лице има некакви информации  за кои смета дека може да помогнат во расчистување на случајот, вратите на МВР и на надлжната Полициска станица во конкретниот случај ПС – Центар се отворени, му одговори министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на градоначалникот Андреј Жерновски кој упати обвинувања до МВР дека не доволно се залага за пронаоѓање на сторителите на нападот на општина Центар.

Таа уште еднаш го повика Жерновски доколку има информација да ја сподели со МВР бидејќи е во заеднички интерес и овој, како и кој било случај, да се затвори, како што беше направено по случајот по негова пријава, за грабеж во општина Центар.

МВР по однос на сите случаи, нагласи Јанкулоска, постапува максимално професионално и ги вложува целиот професионален клапацитет за расчистување на настанот и тогаш кога ќе има информации ќе ги сподели со јавноста.

– Градоначалникот Жерновски би било добро да се занимава со неговата работа, освен што се занимава со одржување прес-конференции без аргументи, рече министерката Јанкулоска по денешната промоција на Центарот за превенција за одржување работилници со граѓаните во скопската населба Маџари.

Таа посочи дека е штета што Жерновски не присуствува на редовните координации што ги одржува МВР со градоначалниците на скопските општини. Жерновски, потенцира Јанкулоска, е единствениот градоначалник кој одбива да соработува, но е доста активен, подвлече, во држење прес-конференции. 

jankuloska-I (1)

Жерновски покажа фотографија пред Министерството за внатрешни работи на која се министерката и како што рече момчето кое учствуваше во вандализмот во Центар.

(ВИДЕО) Жерновски: Момчето на фотографијата со Јанкулоска беше носител на вандализмот врз Центар.

-Истото младо момче кое протстираше е фотографиран и со премиерот. И еве зошто сме пред МВР, еве уште една личност-ова е министерката за внатрешни работи сликана со еден од носителите на вандализмот во општина Центар. Сега очекуваме да реагира Јанкулоска, рече Жерновски.

Би можело да ве интересира

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он