Јанкулоска: Безбедносната состојба во Арачиново е стабилна

Од:

Во првите шест месеци од годинава, во оваа скопска општина, регистрирани се 40 кривични дела, најмногу кражби во куќи и продавници.
Во делот, пак, на јавниот ред и мир во првото полугодие од годинава регистрирани се вкупно пет прекршоци од кои сите се расчистени и документирани.

Сепак дел органите на локалната и централната власт се сместени во несоодветни простории, па градоначалникот побара од МВР, дел од просториите во министерството да бидат отстапени за префрлување на матичните служби, служби за социјални работи и друго.

Министерката Јанкулоска изрази подготвеност да се излезе во пресрет на барањата на граѓаните, па во таа насока, во наредниот период, работни групи ќе изработат предлог за евентуална реализација на ваквата идеја. Исто така, заеднички беше заклучокот дека сместувањето во ист објект на полицијата и други органи кои се во служба на граѓаните ќе допринесе во натамошно продлабочување на довербата на граѓаните кон институциите.

Би можело да ве интересира

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски