Јанков: Трајковски беше човек со длабока христијанска вера, со изразена лична скромност и човечност

Од:

Пред споменикот „Македонија“, подигнат во чест на трагично загинатиот македонски претседател, Борис Трајковски, родната Струмица одбележа 22 години од неговата смрт.

Членови на семејството Трајковски, пријатели, претставници на локалната самоуправа, политички партии, институции и здруженија на граѓани со положување цвеќе и поклонување пред неговиот споменик ја искажаа својата почит.

За ликот и делото на претседателот Трајковски говореше градоначалникот на Струмица, Петар Јанков.

– Борис Трајковски беше човек со длабока христијанска вера, со изразена лична скромност и човечност. И покрај високата функција што ја извршуваше остана близок до народот, достапен и искрен. Ние струмичани тоа најдобро го знаеме. Тој ја претставуваше државата со јасна визија за евроатлантска интеграција со стремеж кон членство во ЕУ и НАТО и со порака дека Македонија припаѓа на семејството на демократскитеи мирољубиви народи, рече Јанков.

Во рамките на одбележувањето на годишнината од смртта на претседателот Трајковски, рецитатори од Домот за деца и млади „Благој Мучето“ од Струмица рецитираа пригодна поезија, а Унијата на жени на ОК ВМРО ДПМНЕ традиционално засади дрвце во паркот во близина на споменикот на Трајковски.

Би можело да ве интересира

Дваесет и две години од загинувањето на претседателот Борис Трајковски

Почна традиционалниот планинарски марш во чест на Борис Трајковски

Отворен конкурсот за стипендиите „Борис Трајковски“ за Пан-европската МБА програма

Дваесет и една година од загинувањето на претседателот Борис Трајковски

ВИДЕО: Голем пожар кај „Борис Трајковски“ во Карпош

Анита Петровска Рајковиќ

ВИДЕО: Одбележана годишнината од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски

Ана Ололовска