Јаневска за продавањето ваучери: Останува на совеста на студентите да одлучат што ќе направат со нив

Од:

Министерката за образование и наука Весна Јаневска прашана за случаи кога студенти кои добиле ваучер за набавка на електронски уред, а потоа ги продаваат, кажа дека проектот бил ветен и реализиран, а на совеста на студентите е како ќе постапуваат со нив.

-Проектот беше ветен. Ваучерите им беа ветени на студентите и вообичаено она што сме ветиле, ние и остваруваме. Има досетливи студенти кои на разно разни начини се обидуваат некако да си го олеснат животот. Ние со тоа не можеме да се справиме. Се справуваме со тоа што во образовниот систем внесуваме нови вредности, нови програми, нови теми за обработка и така натаму. Останува на нивната совест и свест да одлучат што ќе направат со ваучерите, одговори Јаневска на новинарско прашање за време на одбележување 70 години постоење на Државното средно училиште со ресурсен центар – „Партенија Зографски“ во Скопје.

Надлежните информираа дека ќе се доделуваат вредносни ваучери за студенти за набавка на електронски уреди. Јаневска на „Фејсбук“ објави дека 55 илјади студенти ќе добијат по 15.300 денари за набавка на електронски уред.

– Повикот е објавен и може да се аплицира преку порталот uslugi.gov.mk, најдоцна до 20.12.2025 година. Ги повикувам студентите да се пријават и да го остварат своето право, повика министерката.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Очекувам од 1 октомври студентите да влезат во реконструираните домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“

Законот за високото образование в понеделник со сите прифатени забелешки повторно на ЕНЕР, потоа во владина процедура

Јаневска: Нема да го повлечеме Законот за Високо образование, такво нешто бараат тие што се плашат од условите

Јаневска вели дека нема потреба од повлекување на законот за високо образование, немало многу забелешки

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет

Јаневска: Критериумите, а не тиражот, се клучниот предизвик за учебниците