Јаневска: СДСМ која до вчера беше на власт го оставија МОН со буџетска дупка од пет милијарди денари

Од:

Министерката за образование и наука Весна Јаневска вели дека повиците за утрешниот протест доаѓаат од партија која имала можност да го подобри статусот на наставниците.

– Протестите ги организира СДСМ која до вчера беше на власт и имаше министри, заменици-министри и државни секретари, која ја оставија државата во распад, го оставија МОН со буџетска дупка од пет милијарди и која имаше можност да го поправи статусот на наставниците, но тоа не го направи, вели министерката Јаневска.

Нагласува декакако министерка останува на ставот дека ќе се бори за подобрување на статусот на наставниците и дека во првиот момент кога ќе има можност за зголемување на платите, откако ќе се стабилизира Буџетот, тоа ќе биде направено.

Посочува дека со ребалансот на Буџетот обезбедени се 900 милиони денари за плати за наставниците, а се прават напори во ноември или декември наставниците да добијат и регрес за годишен одмор.

– Како Влада и како министер кој доаѓа од редот на наставниците, ќе се бориме да има контиунитет во подобрување на статусот на наставникот и нема да се откажеме од тоа да ги доведеме на вистинското место во општеството, не само во однос на платите. Постојано ќе бидеме во контакт со социјалните партнери – со синдикатите кои ќе работат независно, а не поттикнати од политички партии. Ќе разговараме и ќе бараме начини како да го подобриме статусот на наставникот, вели Јаневска.

За утре пред Министерството за образование и наука е најавен протест организиран од страна на СДСМ под слоганот „Немате оправдувања, покачете ги платите“. Пратеничката Даниела Николова денеска на прес-конференција рече дека тоа ќе биде собир на којшто ќе биде искажан револтот од погрешните политики во образованието од страна на Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од протестот се оградија од Самостојниот синдикат за образование и наука (СОНК). Претседателот на синдикатот Јаким Неделков вели дека нивните членови нема да учествуваат на партиски организирани протести.

Би можело да ве интересира

Јаневска за затворањето училишта: Ова се болни реформи, но во моментов сме во критична ситуација

Левица: Јаневска им вели на шестгодишни деца да бараат братче и сестриче за да ја решат демографската криза во која ДПМНЕ ја доведе Македонија

Јаневска: Верувајте во себе и секој ден учете – знаењето никој не може да ви го одземе

Горан Наумовски

Затворени се 26 рурални училишта, во основно образование има 200, а во средно 100 паралелки помалку

Катерина Ѓуровски

Левица: Јаневска тврди дека го покачила студентскиот оброк, а студентите и натаму добиваат 140 денари

Левица: Јаневска избра дрско да лаже или не знае ни колкав износ за студентски оброк исплаќа нејзиното министерство