Јаневска: Пакетот закони од образованието се носи демократски и инклузивно

Од:

Пакетот закони од образованието се носи демократски и инклузивно, затоа што наша цел е да ја подобриме регулативата како основа за темелни промени на воспитно-образовниот систем и поквалитетно образование, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета во Црешево, општина Гази Баба, по повод почеток на изградба на нова спортска сала во ОУ „Наум Охридски“, Јаневска посочи дека во комисиската расправа досега се прифатени четири амандмани на опозициската СДСМ и два на Коалицијата Вреди кои, како што рече, „ќе ги подобрат текстовите на законите и се во интерес на учениците“.

Според Јаневска, и повлекувањето на Предлог-законот за средно образование ја покажува „решеноста на Министерството за образование и наука да добиеме закони кои ќе бидат широко прифатени, како одраз на потребите на учениците, наставниците и целото општество“.

-Граѓаните треба да имаат доверба дека Владата и Министерството, како предлагачи на законите, се подготвени да ги ислушаат и прифатат конструктивните предлози од сите засегнати страни, вклучително и опозициските партии, граѓанските организации и јавноста и, конечно, сите заедно да изградиме образование какво што заслужуваат нашите деца, истакна Јаневска.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Критериумите, а не тиражот, се клучниот предизвик за учебниците

Редовните професори во иднина ќе имаат реизбор по седум години, нови закони за високо образование

Заменик министерот за образование поднесе неотповиклива оставка

Горан Наумовски

Второто полугодие за учениците почнува на 20 јануари

Мицкоски: Mоите колеги кои ќе сакаат да градат академска кариера ќе треба малку повеќе да пишуваат научно-истражувачки трудови

Јаневска: Нема предвремен распуст и покрај аерозагадувањето