Јаневска: Наставникот ќе реши дали да се користат телефони на часот, одлуката за забрана ја носат општините

Од:

Општините се надлежни за училиштата и тие може да донесат одлука за забрана на мобилни телефони за време на наставата, изјави министерката Весна Јаневска, одговарајќи на прашање дали МОН може да донесе општоважечка одлука и откако родители бараат без телефони за време на часовите да бидат учениците во сите училишта, вклучително и во средните.

-Согласна сум дека кога кај учениците нема мобилни телефони повеќе ќе се фокусираат на знаењето. Но, училиштата се под ингеренции на општините и општините заедно со менаџерите на училиштата заеднички ја носат таа одлука, рече Јаневска одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција.

Посочи дека треба да се види дали дава резултати одземањето на телефоните од учениците и да се направи анализа.

-Но, секако, во ова денешно време може да има и потреба од употреба на такви уреди и при наставата. Па, оттука, наставникот, кој е носител на образовната дејност во училницата, ќе одлучи дали децата во тој момент ќе ги користат или нема да ги користат телефоните, додаде Јаневска.

Советите на општините Аеродром и Центар донесоа препораки да се забрани користење на мобилните телефони од почеток до крај на наставата, со цел зголемување на безбедноста на учениците и подобрување на образовниот процес. Препораките се прифатени од училишните одбори и мобилните телефони од неодамна се забранети за учениците од училиштата во овие општини.

Би можело да ве интересира

Јаневска вели дека нема потреба од повлекување на законот за високо образование, немало многу забелешки

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет

Јаневска: Критериумите, а не тиражот, се клучниот предизвик за учебниците

Редовните професори во иднина ќе имаат реизбор по седум години, нови закони за високо образование

Второто полугодие за учениците почнува на 20 јануари

Јаневска: Нема предвремен распуст и покрај аерозагадувањето