Јаневска: МОН направи анализи и не очекуваме наставниците да останат без часови

Од:

Министерката за образование и наука Весна Јаневска не очекува дека ќе има недостиг од наставници од прво до петто одделение по усвојувањето на Законот за основно образование.

Со новините е предвидено наставници кои завршиле за педагог да може да предаваат само од прво до трето, а оние со завршен факултет за одделенска настава ќе имаат можност да работат од прво до петто одделение. Поради тоа, дел од наставниците веќе прават петиција да остане претходното законско решение плашејќи се да не останат без часови.

– МОН направи анализи и не очекуваме наставниците да останат без часови бидејќи тие имаат можност да работат и во дневен престој. Но, повторно правиме анализи и доколку се појави недостиг на наставници во одделенска настава, од прво до петто одделение, пратениците ќе може да поднесат амандман и ќе направиме мала измена во Законот за основно образование, рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Универзитетот „Мајка Тереза“.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Приватен институт работел во задна просторија на кладилница со два душеци

Јаневска: Очекувам од 1 октомври студентите да влезат во реконструираните домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“

Законот за високото образование в понеделник со сите прифатени забелешки повторно на ЕНЕР, потоа во владина процедура

Јаневска: Нема да го повлечеме Законот за Високо образование, такво нешто бараат тие што се плашат од условите

Јаневска вели дека нема потреба од повлекување на законот за високо образование, немало многу забелешки

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет