Јаневска: МОН бара најсоодветно решение за момчето од ОУ „Лазо Ангеловски“

Од:

Министерството за образование и наука се уште е во процес на барање најсоодветно решение за момчето од ОУ „Лазо Ангеловски“ од Општина Аеродром, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Јаневска ги негираше наводите за изјави од родители на деца од ова училиште дека до училиштето стигнало писмо од МОН во коешто се вели дека третооделенецот ќе биде испишан и запишан во друга општина.

-Информацијата не е точна дека има такво писмо од МОН. Прашање дали детето е проблематично или системот е проблематичен, и системот не е спремен да се справи со проблемите кои се појавуваат во него. МОН постапува според закони и свои можности, иако ингеренциите на МОН во овој случај се најмали. Тука многу поголеми ингеренции имаат училиштето, општината, социјалните служби. Но, ние детето нема да го напуштиме и се уште сме во процес на барање на најсоодветно решение за момчето, рече министерката Јаневска на новинарско прашање.

МОН во декември лани, формираше интердисциплинарна комисија во врска со случајот со третоодделенецот од Основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Скопје кој требаше да биде префрлен во Основното училиште „11 Октомври“ во општина Центар. Комисијата требаше да го разгледа случајот и да донесе мерки коишто ќе бидат во интерес и на ученикот и на сите инволвирани страни.

Третоодделенецот од чие однесување се жалеа родители од ОУ „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче требаше да биде префрлен во ОУ „11 Октомври“ во Центар. Родителите на учениците од „11 Октомври“ ја бојкотираа наставата, па одлуката беше повлечена, а ученикот требаше да се врати во матичното училиште „Лазо Ангеловски“. Следеше повторно бојкот на наставта во ОУ во општина Аеродром. Проблемот времено беше надминат со донесување заклучок дека детето до крајот на првото полугодие ќе продолжи со онлајн настава, за да се изврши соодветна проценка за заштита на детето и останатите деца во одделението.

Би можело да ве интересира

Јаневска за врсничкото насилство: Aко нема помош од родителите, не може да има успех

А1он

Јаневска најавува: Следува голем скандал што ќе ја изненади јавноста

Горан Наумовски

Јаневска за Филозофски факултет: Сериозно ќе го разгледам извештајот и ќе постапам како што одлучил Инспекторатот

Јаневска: Многу е комплицирана ситуацијата со Филозофскиот факултет

Горан Наумовски

Законот за високо образование утре оди во владина процедура, завршна средба на МОН денеска и со коалицискиот владин партнер Вреди

Јаневска го чека извештајот од Филозофскиот факултет за нерегуларностите при упис на магистерски и докторски студии