Јаневска: Македонија има свои државни симболи – химна, грб и знаме и секој граѓанин треба да ги знае и почитува

Од:

Македонија има свои државни симболи – химна, грб и знаме и секој граѓанин треба да ги знае и почитува. Како што и доликува! Чест ми е што како министерство предложивме законски решенија кои овозможуваат опција за време на патронат, државен празник, на почеток и на крај на учебната година, во училиштата да се интонира македонската химна со согласност од општините, порача денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Таа на својот Фејсбук профил напиша дека во секоја земја, химната се пее гордо и со рака на срце и додаде оти тоа нешто значи.

-Освен запознавање на младите со овој државен симбол, се придонесува за развивање на љубовта и за јакнење на почитта на најмладите граѓани кон сопствената земја. Утре, тие ќе ја водат државата. А кон каква иднина би ја воделе, доколку не ја сакаат и почитуваат? Очекувам мнозинството пратеници во македонското Собрание да ги поддржат законите. Сметам дека сепак, сите треба да придонесеме за младите да се едуцираат во духот на овие вредности, објави Јаневска.

Оние политичари кои патем, како и сите ние, живеат тука, се образувале тука, се лекуваат, работат и земаат плата од македонски институции, а се противат на интонирањето на химната под изговор дека ќе се нарушела меѓуетничката рамноправност, јасно е зошто го прават тоа. Тие всушност, ја сакаат државата само кога се на власт. Во опозиција не ја сакаат, тогаш Македонија маќеа им е…Особено заради тоа што дел од нив треба да одговараат за грабање на државни ресурси. Па добро, каде и какви сте вие државници?, напиша министерката Јаневска.

Би можело да ве интересира

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Претседателката Сиљановска-Давкова го свика Советот за безбедност

Агресивен карцином кај 10 годишната Ева – МОРА да реагираме веднаш!

Предраг Петровиќ

Муцунски: Стоиме зад нашите американски сојузници во справувањето со заканите на Блискиот Исток

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол