Јанева по три часа го напушти Обвинителството, останаа нејзините адвокати

Од:

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, по три часа го напушти Обвинителството за организиран криминал и корупција каде вршеше увид на доказите за случајот „Рекет“. Во обвинителството со обвинит листа Русковска останаа нејзините адвокати.

Јанева по вторпат неделава е доаѓа во Обвинителството. Засега е непознато дали Јанева се изјаснила во врска со обвинителниот акт или тоа ќе биде оставено за идната недела.

Вчера во Обвинителството по вторпат дојде и осомничениот Бојан Јовановски, кој бараше увид во доказите пред да го даде исказот пред обвинителката Вилма Русковска.

Според истрагата, Боки 13 заедно со Зоки Кичеец во два наврати зеле 1,5 милион евра од побарани осум милиони евра со ветување дека преку ексшефицата на Катица Јанева ќе ја запрат истражната постапка или ќе му ја олеснат положбата во постапката.

Во изминатиот период во врска со овој случај во Обвинителството беа повикани бизнисменот Силјан Мицевски, водителката Лила Филиповска и пратениците Фросина Ременски и Александар Кирацовски, претседателката на Собранието на Меѓународниот сојуз, Агапи Дика, и бизнисменот Зоран Азманов.

Минатиот месец на распит кај Русковска беше и второосомничениот Зоран Милевски – Кичеец.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов

Сестрата на Камчев за позајмените пари: Планира да ми ги врати, досега не ме изиграл

Кристијан Ландов