Јанески: Не се зголемува цената на водата во Прилеп

Од:

Најостро ги демантирам грубите манипулации со граѓаните на Прилеп дека се зголемила цената на водата, беше дециден на денешната прес-конференција директорот на прилепски „Водовод и канализација“ Емил Јанески. Тој категорично, вели, ги отфрла сите шпекулации и дезинформации дека се зголемила цената на водата што лошо влијаат врз прилепчани.

„По којзнае кој пат мора да нагласам дека не се зголемува цената на водата. Таа е и останува 26 денари за метар кубен вода. Имаме услуга за отпадните води од по пет денари и цена од 17,35 денари за новата услуга за прочистување на урбаните и на отпадните води со профункционирањето на пречистителната станица, која се гради од 2008 година. Се шират шпекулации во медиумскиот простор и од моменталната опозициска ВМРО-ДПМНЕ дека се зголемува цената на водата“, нагласува Јанески.

Јанески децидно објаснува дека она што се менува, со почетокот на функционирањето на новата пречистителна станица е воведувањето нова тарифа- пречистување на урбани и отпадни води, согласно со Законот за утврдување на цените на водните услуги.

„Пречистителната станица, која се градеше од 2008 година, носи повеќе благодети: чиста животна средина, заштита на биодиверзитетот во реките, зачувување на рибниот фонд, наводнување на земјоделските површини со чиста вода, што значи еколошки чисти земјоделски производи на пазарот. Тоа е инвестиција за здравјето и животот на луѓето, особено, на идните генерации“, објаснува Јанески.

Според Јанески, едно домаќинство во Прилеп месечно троши по околу 10 кубни метри вода.

Според анализите, во сметките, пак, прилепчани ја добиваат само новата услуга за прочистување на отпадните и на урбаните води, односно 17,35 денари по кубен метар потрошена вода.

Инаку, за поздравување е, вели Јанески што деновиве прилепскиот Совет, прв пат донесе одлука за субвенционирано плаќање на социјално ранливите семјства.

„Односно, околу 500 социјални семејства нема да плаќаат за потрошени пет кубни метри вода месечно. Тоа се случува прв пат“, вели Јанески.

Ставката за плаќање за прочистување на отпадните и урбаните води ќе се применува од март.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Во Прилеп денеска е ден на жалост поради трагичната смрт на трите медицински лица

Катерина Ѓуровски

Двајца лекари и ренген-технчар се жртвите во тешката сообраќајна несреќа кај Прилеп

Четворица повредени во сообраќајка во Прилеп

Еден тешко повреден во судар на автомобил и мопед во Прилеп

Две деца од Прилеп здобиле изгореници откако пламнал пожар во нивната куќа

Горан Наумовски