Јанчева: ВМРО- ДПМНЕ да одговори за милионските долгови на ЈСП и плаќањето поскапо гориво

Од:

За само една година локална власт на медарите од ВМРО-ДПМНЕ градот Скопје е во хаос. Најосновните функциии и сервиси локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје не може да ги испорача. Поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка, Скопје за првпат во историјата остана без јавен превоз, а вработените во ЈСП без плати рече на прес конференција Љубица Јанчева, координаторката на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје.

– За само една година Јавното сообраќајно претпријатие направило долг од еден милион евра.Дали меѓу причините за овој милионски долг на ЈСП е анекс договорот за набавка на горива, поскапо за 5,6 денари од редовната цена? Зошто мнозинството во Советот предводено од ВМРО-ДПМНЕ молчи за овој договор? Кого штитат на грбот на скопјани? Дали поради тоа што членовите на Управниот и надзорниот одбор на ЈСП, се членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ? Колапс на ЈСП, на огромни долгови, на задоцнети плати и прекин на јавниот превоз тоа е резултат на несподобноста на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и нивната градоначалничка Арсовска. Лично Мицкоски во нејзино име најавуваше проекти и набавка на автобуси за Скопје.Наместо бесплатен превоз скопјани останаа без превоз. Наместо нови авотбуси останаа и без тие што ги има рече Јанчева.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Со претставниците на маркетите заклучивме дека треба да има фер цени на производите

А1он

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Владата денеска на седница ќе донесе одлука за нов државен јавен обвинител

Мицкоски: Безбедносната состојба е стабилна

А1он

Мицкоски: Создаваме средина каде идеите стануваат иновации

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери