Вечерва сме собрани овде – обединети, горди и силни да покажеме дека ние знаеме како, можеме и мораме да работиме за развој и напредок на Кавадарци. Изминатите 8 години се вложив максимално посветено да направам од Кавадарци модерна и урбанизирана општина. Затоа денеска стојам гордо и ја барам вашата поддршка по трет пат, за да продолжиме да работиме чесно, одговорно, и да ја градиме и развиваме Општина Кавадарци заедно со проекти и дела, вели Митко Јанчев, кандидат за градоначалник во општина Кавадарци од ВМРО-ДПМНЕ на денешниот митинг.
Јанчев посочи дека изминатиот мандат има реконструирано на над 100 улици, воспоставено фекална и канализациона мрежа, како и изградба на 3 училишни спортски сали во село Сопот, Мрена и Возарци.
„Одговорноста е сега уште поголема, кавадарчани очекуваат уште повеќе работа и резултати. Но, јас имам визија и стратегија, програма која ветува и се обврзува на подобар и поквалитетен живот за сите кавадарчани. Во изминативе години инвестиравме во патната инфраструктура, реконструиравме и асфалтиравме на над 100тина улици во Кавадарци и населените места и поставивме фекална и канализациона мрежа. Целосно ја реконструиравме ул. „Шишка“ во делот од Булевар Видое Смилевски до Северен булевар, реконструкција на пат Дабниште – Ресава, комплетно асфалтирање на патот во село Возарци, а за зголемување на безбедноста на учесниците во сообраќајот изградивме и нов кружен тек на регионалниот пат Кавадарци-Росоман“, кажа Јанчев.
Градиме и инвестираме во секое населено место подеднакво, рече тој и додаде:
„Во делот на спортот, освен реконструкција на училишните спортски сали во Кавадарци, изградивме 3 спортски сали во селата Сопот, Марена и Возарци од по 400м2 кои се во склоп на подрачните општински училишта. Потоа, извршивме целосна реконструкција и адаптација на стари објекти и ги пренаменивме во детски градинки во селото Сопот и Дренов, со што го решивме проблемот на згрижување на дечињата од овие населени места. Во делот на образованието, трета година по ред Општина Кавадарци успешно го имплементира проектот „Бесплатен оброк за секое дете“ кој ги опфаќа 1780 учениците од прво до петто одделение во сите основни општински и подрачни училишта. Реализирав проекти кои што не беа дел од програмата, но ги слушав потребите и се водев од интересите на моите сограѓани“, кажа Јанчев.
Јанчев ја побара поддршка од кавадарчани, за како што рече тој, Кавадарци да продолжи да се развива и да оди напред.
„За Кавадарци да продолжи да се развива и да оди напред, потребна е вашата поддршка и глас на 19 октомври за бројот 9. Во следниот 4 годишен мандат, Јанчев вети доградба на скијачката патека „Кожувска Панорама“, изградба на дом за стари лица, гасификација на Кавадарци“, вели Јанчев.
Затоа во следниот 4 годишен мандат како градоначалник ветувам:
„Доградба на нова скијачка патека: „Кожувска Панорама“ со должина од 1200 метри и надморска височина од 1400 метри, како и доградба на уште 2 нови ски-патеки. Доградба на ски-лифт. Гасификацијата во Кавадарци претставува значаен чекор кон модернизација на енергетската инфраструктура и подобрување на квалитетот на животот за граѓаните и индустријата. Изградба на 6 локални патишта кои во целост ќе го намалат протокот на тешки товарни возила низ градското подрачје, Конопиште – Бошава, Радња – Ски Кожув, Мрежичко – Мајден, Бохула – Радња, Хец Тиквеш – Голеш, Хец Тиквеш – Брушани. Понатаму, бесплатен оброк за секое дете од прво до петто одделение продолжува и во следниот четиригодишен мандат. Ветувам изградба на дом за стари лица. Овој дом ќе располага со капацитет од 57 легла, современо уредени и опремени со сите неопходни услови за достоинствен живот. Локацијата на објектот е внимателно избрана – веднаш до споменикот на Киро Крстев, во близина на паркот и службата за итна медицинска помош, што ќе обезбеди пристапност и мирна околина. Изградба на 3 катни гаражи на повеќе локации. Изградба на пречистителна станица Марена – Сопот, Водоводна мрежа Страгово и Сопот, регулирање на кејот на реката Луда Мара од Ваташки мост до споменик 12 другари. За првпат ќе се отвори Младински културен центар со модерен и функционален простор. Центарот ќе биде сместен на површина од 900 м2 на второто ниво од новиот деловно трговски комплекс со вкупна површина од 7200 м2, објект кој ќе импресионира со својот современ архитектонски дизајн и врвни услови. Изградба на нов пат од автопатот до Кавадарци (експресен пат од пред Неготино), како и изградба на нова заобиколница во должина од 16 километри, с. Марена – Дрекслер Маер – ЈугоКомерц – Ваташа, и изградба на пат – Дисан – Кавадарци, вети Јанчев пред Кавадарчани и порача дека ние не ветуваме, туку исполнуваме“, посочи Јанчев.
На крај, Јанчев порача дека кавадарчани на 19 октомври гласаат за својата иднина, за проекти и дела и ги повика да излезат масовно и обединето да гласаат за бројот 9, за него и за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ве повикувам работата да ја завршиме уште во првиот круг на 19 октомври, да излеземе обединети, сплотени да дадеме поддршка и за советничката листа предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Со заокружување на бројот 9 вие гласате за вашата иднина, за проекти и дела, за развој и сигурност. Гласајте за вашиот градоначалник, гласајте за советниците од нашата листа, гласајте за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“. Ова е победа за Кавадарци, за Македонија и за иднината на нашите деца. За твоето место, за твојата иднина и со твојот човек, за сите нас“, заклучи Јанчев.