Јанакис до Франгов: Со деблокирањето на Евзони ќе се нормализира прекуграничниот сообраќај

Од:

Грчкиот амбасадор во Република Македонија Димитрис Јанакис, одговорил на писмото што го добил од гевгелискиот градоначалник Иван Франгов за време на блокадата на граничниот премин Евзони, и притоа го уверува градоначалникот Франгов дека тој лично и неговата земја биле наполно свесни за тешкотиите кои се создале од блокадата на грчките фармери.

Јанакис изразува надеж дека деблокирањето на најфреквентниот граничен премин кое се случи на 17 февруари, ќе придонесе за брза нормализација на прекуграничниот сообраќај и за олеснување на проблемите со кои се соочи земјава и пограничниот регион од двете страни на границата.

Во одговорот на писмото, кој пристигнал денеска, тој го информира Франгов дека во периодот додека траел штрајкот, Канцеларијата за врски на Грција била во постојан контакт со институциите на двете земји и оти активно помагала во изнаоѓање практични решенија.

На крајот, Јанакис го уверува Франгов дека лично тој и Канцеларијата за врски и понатаму ќе работат за надминување на било каков проблем доколку би настанал во иднина.

Би можело да ве интересира

Од 17 часот шестчасовна блокада на граничниот премин Евзони

Грчките земјоделци стартуваа 48-часовна блокада, граничните премини „Евзони“ и „Ники“ се затворени

АМСМ: Од 17 часот затворен граничниот премин Евзони

А1он

Денеска и утре не се очекуваат блокади на граничниот премин Евзони кон нашата земја

Грците ги затвораат патиштата и граничните премини

Богородица-Евзони под блокада до вечер до 22 часот