Јанакиевски: Раѓеновиќ-Јовановиќ нека докаже дека „Скопје 2014“ е неквалитетен проект

Од:

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, реагираше на интервјуто од претседателката на Асоцијацијата на архитекти, Сања Раѓеновиќ-Јовановиќ, во интервјуто за Радио Слободна Европа, во кое таа вели дека градбите од „Скопје 2014“ се неквалитетни и мисли дека тоа ќе се види за 10 години.

– Не ме е јасно врз база на кои документи претседателката на Асоцијацијата на архитекти утврдила дека градбите во централното градско подрачје се неквалитетни, ако има такви докази, истите да ги достави до надлежните државни органи. Дали тоа, според Сања Раѓеновиќ значи дека голем број на надзорни органи и градежни компании кои секој ден контролираат градби и прават анализи во лаборатории се нестручни и работат непрофесионално? Ако има такви индиции кои се базираат на докази, нека ги достави до надлежните органи, наместо паушално да дава изјави од исклучиво дневно- политички побуди – рече министерот Jанакиески.

Тој додаде дека доколку Раѓеновиќ не ги достави доказите ќе бара од неа да се извини, за како што рече, оцрнувањето на нејзините колеги кои работеле на проектот.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

Орце Костов

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска