Јанакиевски: Елаборат на време за да не се изгуби правото на легализација

Од:

Општините што поскоро да постапат по предметите со барања за легализација на дивоградбите, а граѓаните и фирмите да ја комплетираат документацијата со доставување елаборат во рок од 18 месеци откако ќе бидат усвоени измените на Законот што се во собраниска процедура, за да не го изгубат правото на легализација.

Со такви препораки излегоа денеска министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и Управниот одбор на ЗЕЛС на средбата посветена за забрзување на процесот за легализација на бесправно изградените објекти.

Со последните измени на Законот за легализација, кој е во собраниска процедура, Јанакиески појасни дека во рок од 18 месеци од влегувањето во сила граѓаните и фирмите мора да достават геодетски елаборат, а доколку не достават ќе го изгубат правото за легализација. Еден од проблемите со кој се соочува процесот на легализација, според него, е непостапените предмети од страна на општините. Грубата бројка на непостапени предмети е околу 100.000, додека на ниво на Македонија решени се околу 40 илјади предмети.

– На сите правни и физичи лица им се дава рок од 18 месеци по влегување во сила на измените да достават елаборат. Доколку по тие 18 месеци не достават го губат правото на легализација, појасни Јанакиески.

Тој информира дека градоначалниците се обврзале и оти сите општини ќе добијат препорака до 1 јануари да ги отворат сите предмети. Доколку недостига некој документ преку доставување заклучок до граѓаните да ги информираат што немаат доставено.

– Очекувам до 1 јануари да бидат отворени и решени сите предмети на граѓаните и доколку фали некој документ странката да се информира за тоа, а граѓаните што е можно побрзо да изготват геодетски елаборат, бидејќи периодот од 18 месеци многу бргу ќе помине. Да не чекаме како претходните случаи последен ден за изготвување геодетски елаборати, рече Јанакиески изразувајќи надеж дека состанокот ќе придонесе за забрзување на процесот на легализација во Република Македонија.

Јанакиески апелира граѓаните да не го чекаат последниот ден и уште од утре да се упатат до компаниите кои изготвуваат геодетски елаборат.

Министерот за транспорт и врски посочи дека претходно имал средба со претставници на геодетските компании кои го информирале дека интересот за елаборати бил намален, но и дека и тие што биле изготвени граѓаните не си ги подигнале.

Во процесот за легализација на дивоизградените објекти по едно евро за метар квадратен беа доставени 353 илјади барања, околу 40 илјади се веќе легализирани со донесени решенија од кои најголем дел се позитивни.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

Орце Костов

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска